Арсенал идентификуваше три цели за замена на Арон Ремзи. Велшкиот фудбалер ќе го напушти „Емирати“ идното лето, кога ќе истече неговиот неговиот договор.
Конечната одлука беше донесена од страна на шефовите на „топџиите“ кои го оставија Ремзи без конкретна понуда по разговорите. Англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на Арсенал, Унаи Емери брзо зел мерки за да најде соодветен заменик на Ремзи во средината на теренот.
Шпанскиот тренер дал задача на главниот скаут – Свен Мислинтат, да ги следи Николо Барела, Мигел Алмирон и Ектор Ерера за веројатни трансфери во Лондон.
Фудбалерот на Каљари, Барела беше поврзуван со трансфер во Ливерпул и Челзи во текот на летото, но на крајот одлучи да остане на италијанско тло, иако имаше интерес и од Милан и Рома.
Парагвајскиот репрезентативец Алмирон пак има 12 гола и 13 асистенции за американскиот тим Атланта Јунајтед оваа сезона, а тој би излегол најповолно за Арсенал. Сепак, Арсенал ќе мора да спори со Тотенхем и Вест Хем за неговиот потпис.
Ерера, која игра за Порто, ќе биде слободен агент следното лето и може да дојде во Лондон без пари.
По заминувањето, Ремзи се очекува да остане во Англија, а најсилен интерес има од Ливерпул и Манчестер Јунајтед за 27-годишниот фудбалер.