Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте бил склон да го преземе Реал Мадрид, но под одредени услови, кои тешко ќе бидат прифатени, откри поранешниот претседател на „белите“ Рамон Калдерон.

Според него, Италијанецот побарал три работи што Флорентино Перез е исклучено да ги прифати – да потпише договор за три години, да пристигне со штаб од пет луѓе и да има целосна контрола врз трансферите.

Италијанскиот одбранбен и прагматичен фудбал е главната пречка за неговото назначување, смета Калдерон.

– Конте сака договор за три години, да пристигне со пет луѓе и да има слобода при трансферите. Тоа се работи кои претседателот нема желба да ги прифати. Не мислам дека Конте е тренерот, од кого „Бернабеу“ има потреба. Тој е како Жозе Мурињо – дефанзивен тренер кој игра со тројца централни дефанзивци и се обложува на контранапад. Реал Мадрид не сака да гледа тоа, изјави Калдерон пред Би-Би-Си Радио 5.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 11:37