Враќањето на Арсенал во Лигата на Шампионите е главната цел пред Унаи Емери, но менаџерот изјави дека нема да е лесна работа, бидејќи натпреварот за четвртото место во Премиер лигата е тежок.

Арсенал е петти на табелата зад Тотенхем, Челзи, Ливерпул и Манчестер Сити. „Топџиите“ не успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите во последните две сезони, што доведе и до заминувањето на Арсен Венгер по 22 години во клубот.

– Ние сме надвор од Лигата на шампионите две години, но сега Премиер лигата е на високо ниво со одлични тимови и предизвикот е одличен за нас. Тоа не е лесно, ние ќе работиме на секој тренинг и секој меч, за да се доближиме до топ четири, рече Емери.

Потоа Шпанецот го прокоментира гостувањето кај Борнемут, кое е на програмата во недела од 14,30 часот на „Виталити“ стадионот.

– Против Борнемут ќе биде голем тест – тест на високо ниво за тоа како можеме да го продолжиме напредокот и е многу важно да се покаже на навивачите нашиот менталитет, рече уште стратегот на денешната прес-конференција



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 00:00