Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е на прагот на извонреден успех.
Тренерот ќе ја бара својата 300-та победа во својата кариера. Германецот ќе се обиде да го постигне ова денеска, кога „црвените“ од 16,00 часот гостуваат во Ватфорд во натпреварот од Премиер Лигата.
Досега, Клоп има 65 успеси со тимот од Мерсисајд во англиската елита. Во Германија, тој забележа 101 победа со Мајнц и 133 со Борусија Дортмунд.
Натпреварот против „стршлените“ ќе биде под број 607 за Клоп.
Натпревари од 13.коло на Премиер лигата: Брајтон – Лестер Евертон – Кардиф Фулам – Саутемптон Манчестер Јунајтед – Кристал Палас Ватфорд – Ливерпул Вест Хем – Манчестер Сити Тотенхем – Челзи.