Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека нема ништо точно во информациите дека Алексис Санчез сака по секоја цена да го напушти клубот.

Од неодамна се зборува дека Чилеанецот сака да си замине од „Олд Трафорд“ во јануари и да ја смени клупската припадност, а неговото име се поврзува со францускиот гигант ПСЖ.

– Алексис никогаш не ми кажал дека сака да го напушти тимот. Освен тоа никогаш не ми кажал дека не се чувствува среќен во клубот и дека не сака да остане поради оваа причина. Мислам дека она што се пишува и зборува, не е точно, рече „Специјалниот“ на прес-конференцијата пред мечот со Палас.

Тој додаде дека со секој изминат натпревар, Алексис го подобрува нивото.

– Мислам дека во даден момент ќе можеме да го видиме оној Санчез, кој сите го познаваме. Момчето работи напорно на тренинзите и дава се од себе. Неговата желба е да игра за тимот и да помогне да се постигнат поставените цели, додаде тренерот на „црвените ѓаволи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 14:03