Tренерот на Интер, Лучано Спалети се надева дека неговиот тим ќе биде попостојан по победата со 3:0 над Фросиноне во средба од 13-то коло на Серија А.
Интер е трет на табелата со 28 поени, девет зад Јувентус, кој има 37.
– Тимот покажа спектакуларен фудбал. Игравме со трпеливост, бидејќи Фросиноне е опасен ривал, особено на контранапад. Беше важно да бидеме смирени кога ја имаме топката. Интер сака и треба да биде уште посилен, за да биде меѓу топ тимовите во Серија „А“ и Лигата на шампионите. Треба да бидеме попостојани. Понекогаш земаме лоши решенија, а треба да бидеме позрели, изјави Спалети за „Скај Спорт Италија“ по натпреварот.