По големиот хаос во Буенос Аирес, вториот натпревар од финалето во Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс беше одложен поради јасниот став на гостинските играчи дека не се во можност да излезат на терен.

По нападот на автобусот на Бока на патот кон „Монументал“, неколку гостински фудбалери беа повредени. Карлос Тевез беше еден од најсериозно повредените, додека капетанот Пабло Перез мораше да оди в болница за да му се отстрани стакло од лицето.

Ниту еден ден подоцна хаосот не запира. Натпреварот е предвидено да се одигра вечерва во 21 часот, но постои можност тоа да не се случи, откако властите го затворија стадионот на Ривер, а локалната полиција не е во состојба да гарантира безбедност на натпреварот.

Треба да се напомене дека 2.000 полицајци биле на должност за дуелот кој не се одигра вчера, но тие не беа во можност да го спречат насилството, поттикнато од локалните навивачи.

Со цел да се избегне одлуката за затворање на стадионот, раководството на Ривер Плата мора да се појави пред Рикардо Раул Педејс, директор на владината агенција за контрола на градот и да платат парична казна, во спротивно натпреварот нема да се игра.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2018 13:49