Тренерот на Интер, Лучано Спалети оцени дека новиот извршен директор на екипата Џузепе Марота знае како да изгради тим.

Марота, кој е поранешен извршен директор на Јувентус, ќе ја извршува истата функција и во Интер.

Тој ќе потпише тригодишен договор, за кој ќе добие три милиони евра по сезона, а тука се земаат во предвид и различни бонуси.

– Очекувам сигнали од раководството и претседателот на клубот. Преговорите се во напредна фаза, но претседателот се уште не се вратил од Кина. Тој ќе ви каже што може да ни донесе оваа зделка. Марота ќе биде за нас „десетка“, која игра меѓу линиите. Тој знае како да изгради тим, рече Лучано Спалети.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 19:00