Габриел Жезус, Бернардо Силва и Илкај Гундоган не учествуваа на денешниот тренинг на Манчестер Сити, кој беше последниот на „граѓаните“ пред нивното заминување за Франција.

Фудбалерите на Сити утре ќе играат со Лион во средба од Лигата на шампионите, но тројцата повредени нема да отпатуваат со тимот на Пеп Гвардиола. Бразилскиот напаѓач има проблем со истегнување, додека португалскиот крилен фудбалер заработи повреда за време на натпреварите за националната селекција.

Гундоган играше 69 минути против Вест Хем, но, исто така, се здоби со повреда и не го заврши натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 11:08