Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, пред натпреварот од петтата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите против Јанг Бојс, истакна дека ова не е одлучувачки натпревар.

Сепак, тој сака тимот да игра како да е плеј-оф.

Дури и ако не победиме, ние се уште нема да зависиме од другите резултати. Ова не е одлучувачки натпревар. Но, сакам да играме од првата минута како ова да е последната шанса да ја поминеме групата. Сакам да заборавиме дека ќе имаме уште една шанса и да играме како да е плеј-оф, изјави Мурињо. Натпреварот Манчестер Јунајтед – Јанг Бојс се игра вечер од 21 часот.

На табелата во Х-групата води Јувентус со девет бода, Манчестер е втор со 7, Валенсија има пет, Јанг Бојс 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 11:26