Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, пред натпреварот од петтиот круг од групната фаза во Лигата на шампионите против Валенсија, изјави дека Барселона е фаворит за трофејот.
Алегри додаде дека се надева дека овој пат тој прогнозата му е погрешна, бидејќи пред една година за фаворит го сметаше Реал кој стигна до тронот.
– Според мене фаворит за победа во ЛШ е Барселона. Три екипи ја следат, вклучително и ние. Секоја година ја започнуваме работата со иста страст. Пред една година, го нареков фаворит Реал. Сега во таа улога ја гледам Барселона. Се надевам дека ово јпат грешам, потенцира италијанскиот фудбалски експерт.
Јувентус е прв во групата Х, со девет бода по четири круга во елитното натпреварување.