Сергеј Венерголд (29) денеска беше прогласен за виновен за обид за убиство од страна на Судот во Дортмунд, поради нападот врз автобусот на Борусија Дортмунд во април 2017 година и беше осуден на 14 години затвор.

Според Судот, Вернерголд извршил кривично дело со идеја да наштети на Борусија и да натера акциите на клубот да изгубат вредност, за да се збогати.

Според обвинението, при успехот на неговиот план тој можел да освои околу 500.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 16:38