Спортскиот директор на Рома, Рамон Родригез Вердехо – Мончи изјави дека е изненаден од падот на перформансите на Реал Мадрид.

– Ние сме 100 отсто мотивирани за претстојниот натпревар против Реал Мадрид. Минатата година бевме многу успешни, но многу работи се променија од тогаш. Сега сме многу поблиску до она што сакаме да го претставува тимот. Играчите се познаваат подобро и ние сме оптимисти дека можеме да постигнеме оптимално ниво, прокоментира Мончи во интервју за радио „Марка“.

Тој смета дека вечерашниот натпревар со Реал Мадрид во ЛШ ќе биде сосема поинаков од оној на „Бернабеу“.

– Се надевам дека ќе го видам најдоброто од Рома во натпреварот против Реал Мадрид. Тие се фаворити во секое натпреварување и уште повеќе во Лигата на шампионите. Мислам дека натпреварот нема да биде ист како во Мадрид. Сега тие не се во најдобра форма, но овој тим не треба да се потценува ниту за момент и брзо можат да се вратат на познатото ниво. Изненаден сум од падот на перформансите на Реал. Ова е тим кој има многу квалитетни играчи, изајви спортскиот директор на „волците“.

Мечот се игра вечерва од 21:00 часот на „Олимпико“ во Рим и е директен дуел за првото место во групата Г.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 16:52