Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) размислува дали би било изводливо Аргентина, Уругвај и Парагвај да бидат заеднички домаќини на Светското првенство во 2030 година, по инциднетот во саботата на мечот од финалетот на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој минатиот викенд престојуваше во Буенос Аирес, по враќањето во Европа, според „АС“, е убеден дека или треба да се променат многу нешта или заедничката кандидатура на трите земји ќе биде невозможна.

ФИФА нема да дозволи Светско првенство да се организира во држава каде што не може да се одржи „Суперкласико“, бидејќи „стадионот и неговата околина беа поле на неразумна и очигледно неказнета агресија кон играчите, општеството, децата и семејствата кои се упатиле мирно кон стадионот“, наведува весникот.

– Вандализмот беше понижувачки. Варварството што се допушта во нашиот фудбал стави под ризик многу животи, се вели во отвореното писмо на претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.

Трите јужноамерикански земји беа фаворити за организација на СП 2030, бидејќи тогаш ќе се одбележат 100 години од првиот Миндијал, на кој домаќинот Уругвај играше во финалето токму против Аргентина.

Според мадридското издание, сега во предност доаѓаат останатите кандидатури и најмногу заедничката на Шпанија, Португалија и Мароко.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 18:35