Еден од најскапите европски тимови, Пари Сен Жермен се наоѓа во многу незавидна ситуација во Лигата на шампионите. „Светците“ во пресрет на петтото коло се трети на табелата и во опасност да не ја поминат групната фаза, нешто што им се нема случено цели 14 години.

Вечерва во Париз гостува Ливерпул и евентуален пораз на ПСЖ и победа на Наполи дома над Црвена ѕвезда ќе значи многу ран крај на амбициите за европски трон на францускиот првак.

Тренерот Томас Тухел е свесен за тешката задача да се совлада премиерлигашот на чие тренерско место се наоѓа неговиот сонародник Јирген Клоп.

– Не очекува дуел со една од најдобрите европски екипи. Ливерпул знае како се игра и како се освојува ЛШ. Мораме добро да се подготвиме и да ги запреме нивните офанзивци. На клупата го имаат Клоп кој внесе нова енергија во тимот, изјави Тухел.

Натпреварот ПСЖ – Ливерпул почнува во 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 11:52