Капитенот на Интер, Мауро Икарди ги изненади своите соиграчи со неверојатен гест.
Напаѓач им се заблагодари на своите соиграчи за титулата најдобар стрелец на серија со 29 голови, подарувајќи им на секој од нив часовник „Ролекс“.
Тој смета дека соиграчите се најзаслужни за се она што тој го направи минатата сезона, а што тој никогаш нема да го заборави, па затоа одлучи да им се заблагодари на 23-цата.
Часовниците се подготвени и за оние играчи кои го напуштија Интер во меѓувреме.