Аргентинскиот напаѓач на Милан, Гонзало Игуаин во интервју за „Скај Спорт“ зборуваше за гласините дека не се чувствува добро во Милано, како и за својата огромна желба да покаже дека клубот не погрешил со неговото привлекување.

Утре „Ел Пипита“ ќе го поведе нападот на Милан против Дуделанж, а италијанскиот гигант ќе бара задолжителна победа против последниот во групата „Ф“ на Лига Европа.

– Утре треба да победиме за да се приближиме кон групната фаза. Имам голема желба да играм. Не сакам да бидам надвор, додека мојата екипа игра. Сакам да му покажам на Милан дека нема направено грешка со тоа што ми изгласа доверба, вели аргентинскиот стрелец.

Тој додаде дека не е точно дека се чувствува лошо во Милано.

– Сите овде знаат колку сум среќен, вели поранешниот напаѓач на Јувентус и Реал Мадрид.

Во однос на растечките шпекулации дека Златан Ибрахимовиќ ќе се врати кај „росонерите“, тој вели дека тој е „одличен фудбалер“ дека зависи од раководството дали ќе пристигна на „Сан Сиро“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 18:33