Долгогодишниот капитен на репрезентацијата на Ирска, Роби Кин објави крај на својата кариера.
Триесет и осум-годишниот напаѓач ги „закачи копачките“ по 21-годишна кариера, која ја почна како тинејџер во тимот на Вулверхемптон и продолжи во тимовите на Ковентри, Интер, Лидс, Тотенхем, Ливерпул, Селтик, Вест Хем, Лос Анџелес Галакси, Астон Вила и индискиот АТК.
За репрезентацијата на Ирска, Кин има 146 натпревари и 68 гола.
Минатата недела Кин беше назначен за помошник на новиот менаџер на националниот тим на Ирска, Мик МекКарти.