Екипата на Пари Сен Жермен го совлада Ливерпул во дербито на вечерта од петтата рунада во Лигата на шампионите и направи голем исчекор кон пласман во следната фаза.

Значајна победа забележа и тимот на Тотенхем над Интер по што двете екипи во последното коло ќе го бараат влезот во елиминациската рунда.

Резултати и табели во сегментот А-Д од УЕФА Лигата на шампиони:

А-група: Атлетико Мадрид – Монако 2:0, Борусија Дортмунд – Бриж 0:0. Табела: Атлетико 12 бода, Борусија 10, Бриж 5, Монако 1.

Б-група: ПСВ – Барселона 1:2, Тотенхем – Интер 1:0. Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ 1.

Ц-група: Наполи – Црвена ѕвезда 3:1, ПСЖ – Ливерпул 2:1. Табела: Наполи 9, ПСЖ 8, Ливерпул 6, Црвена ѕвезда 4.

Д-група: Локомотив Москва – Галатасарај 2:0, Порто – Шалке 3:1. Табела: Порто 13, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив 3.

Пласман во следната фаза досега изборија: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Барселона, Порто и Шалке.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 11:49