Капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва изрази задоволство по победата над Ливерпул (2:1) во натпреварот од петтиот круг од групната фаза на Лигата на шампионите.

Бразилецот призна дека триумфот е остварен на многу тежок натпревар и додава дека се уште не е обезбеден пласманот во следната рунда.

Фантастична атмосфера. Ова е посебен ден. Ако не победија, нашата позиција би била многу тешка. Ние сме среќни не само за победа, туку и за тоа дека игравме како вистински тим. Но, не е се завршено. Неопходно е да се победи во Белград, каде што не е лесно. Треба да одиграме уште еден совршен меч за да стигнеме до плејофот, изјави Силва. ПСЖ со победа во последното коло против Црвена ѕвезда ќе обезбеди учество во елиминациите во Лигата на шампионите без оглед на резултатот од дуелот меѓу Ливерпул и Наполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 12:22