Раководството на Манчестер Јунајтед го продолжи договорот на голманот Давид де Геа за уште една година до летото 2020 година, објавија англиските медиуми.

Шпанецот, кој во последните години стана еден од најдобрите голмани во светот, преговараше со клубот за нов долгорочен договор веќе околу една година, но засега без успех.

Според англиските медиуми Де Хеа инсистира за плата од 350.000 фунти неделно, што ќе го доближи до највисокоплатениот фудбалер во клубот – Алексис Санчез.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 17:11