Бока Јуниорс не сака да го игра реваншот од финалето на Либертадорес Купот со Ривер Плејт во Мадрид. Раководството на Бока има намера преку суд да побара дисквалификација на Ривер и се додека не добие конечна одлука на сите инстанци нема да игра возвратен дуел.

Претходно, менаџментот на КОНМЕБОЛ одлучи вториот натпревар од финалето на Копа Либертадорес да с еигра во Мадрид на 9 декември на стадионот на Реал „Сантијаго Бернабеу“.

Првично, дуелот требаше да се одржи на стадионот Ривер на 23 ноември, но беше одложен поради нападот инцидентот предизвикан од навивачите кои го нападнаа автобусот на ривалот при што некои од играчите на Бока беа повредени.

Првиот натпревар од финалето заврши со резултат 2:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 10:49