Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, призна дека Дуделанж му предизвика многу проблеми во натпреварот од 5-тиот круг од групната фаза на Лига Европа одигран вчеравечер во Милано.

Луксембуршкиот клуб загуби со резултат 2: 5, иако до 66.минута водеше со 2:1.

-Кога противникот изедначи се уплашивме, но пред тоа играта добро се одвиваше. Нема лесни натпревари. Дуделанж знае да игра фудбал. Овој тим не е физички добро подготвен и прима голови во финишот, но кога е во игра, создава проблеми на противниците. Ние одговоривме добро кога бевме во негатива. Моите фудбалери почнаа да вршат притисок, да работат понапорно. Знаев дека ќе се бориме и избориме за добар резултат.

Милан е втор во Г-групата со 10 бода, еден помалку од лидерот Бетис, Олимпијакос има седум, додека Дуделанж е без освоен бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 11:22