Крилото на Интер, Иван Перишиќ потврди дека буквално „за влакно“ бил пред напуштање на Интер, за да се приклучи кон Манчестер Јунајтед.
Сето тоа се случило во летото 2017-та година, кога „црвените ѓаволи“ притискале за да го земат хрватскиот репрезентативец на „Олд Трафорд“.
Токму тогаш интервенирал тренерот Лучано Спалети, кој сакал тој да остане на „Џузепе Меаца“, иако тимот имаше потреба од средства за да го поминат финансискиот мониторинг од УЕФА.
– Точно е дека имав понуда на маса од Манчестер Јунајтед и можев да ја прифатам. Сепак, мислев дека не треба да го напуштам Интер во тој момент. Решив да останам.
Зборував и со Спалети, уверувајќи го дека сакам да имам улога во Интер, како во фудбалска смисла, така и во малите детали, изјави Перишиќ.