Поранешниот напаѓач на Барселона, Давид Виља, потврди дека ја продолжи кариерата во јапонски Висел Кобе.

Триесет и шест-годишниот Шпанец ќе се приклучи на Андрес Иниеста и Лукас Подолски следната сезона.

Виља, кој со тимот на Шпанија го освои Евро 2008 и СП 2010, најави дека ќе го напушти американскиот клуб Њујорк Сити, за кој има 80 гола во 124 натпревари.

Виља ја објави веста на „Јутјуб“, а истото беше потврдено и од раководството на Висел Кобе.

„Решив! Имам нова дестинација. Ме очекува голем предизвик. Нова земја, нова култура, нови соиграчи“, откри Шпанецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2018 14:53