Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари по успехот над Валенсија (2:0) изјави дека Иско бил решавачки фактор за победата на „Сантијаго Бернабеу“.

Во последниве недели се шпекулира дека односите меѓу двајцата се нарушени и дека шпанскиот репрезентативец веќе си бара нов клуб.

– За да победите силен противник како Валенсија, треба да одиграте голем меч. Во вториот дел тие се обидоа да се искачат повисоко на теренот, но тоа е нормално. Тие преземаа ризици. Бејл беше уморен, но се бореше и даде се од себе. Генерално, имаше силен меч, каде што сите оставија се на теренот. Во однос на Иско, му реков дека ќе биде клучен за мечот, и тој беше, изјави Солари, откако Шпанецот учествуваше при вториот гол на својот тим во средбата против „лилјаците“.

Ова беше 6-та победа за Солари во 7-те негови досегашни натпревари на чело на „кралскиот клуб“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2018 13:06