Видео-технологијата (ВАР) наменета за помош на судиите на фудбалските натпревари при спорни ситуации ќе се воведе во Лигата на шампионите веќе оваа сезона почнувајќи од осминафиналната фаза, објави Скај Спорт

И покрај тоа што беше најавено дека ВАР ќе биде воведен идната сезона во елитната лига, Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да го искористи порано, поради многубројните поплаки кон судиите.

Угледниот „Скај Спорт“ тврди дека наскоро с еќе биде официјално објавено. ВАР се покажа како добро средство за помош на судиите на Мундијалот во Русија, а подоцна и во некои од најсилните национални лиги.

Видео-технологијата се користи во германската Бундеслига, шпанската Примера и италијанската Серија А, додека во англиската Премиер лига е најавена за следната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 12:10