Велшкиот фудбалски стручњак Марк Хјуз од денеска и официјално не е тренер на премиерлигашот Саутемптон.
Раководството на клубот се одлучи на ваков чекор поради слабите резултати кои се далеку од амбициите што Саутемптон ги имаше пред почетокот на првенството. По 14 рунди, тимот се наоѓа во зоната на испаѓање – на 18.место со само девет освоени бода.
Хјуз работеше во Саутемптон осум месеци. За негов наследник веќе се шпекулира со името на Пауло Соуса.
– Веќе сме во барање решение за ново тренерско име, стои во соопштението на Саутемптон.