Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, е принуден да оди на операција, информира шпанскиот клуб преку својата веб-страница.

Оперативниот зафат ќе биде извршен во Бразил под надзор на медицински персонал од Атлетико.

Диого Коста се здоби со повреда на левата нога за време на тренингот на неговиот тим.

Оваа сезона, тој одигра 15 натпревари за Атлетико, постигна четири гола, забележа и две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 13:49