Големата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, забележа подобар старт од четири легенди на Калчото. Португалецот има 10 голови за првите 14 кола и го дели првото место во листата на најдобрите стрелци на Серија „А“ со напаѓачот на Џенова, Кжиштоф Понтек. „Бјанконерите“ имаат водство од 11 поени пред Наполи, на кој му претстои посета на Аталанта.

Достигнувањето на Роналдо е подобро од неколку големи имиња. Холандската легенда Марко ван Бастен постигна само осум голови во првенството во својата прва сезона во дресот на Милан, а Диего Марадона завршува со 17 погодоци во дебитантската сезона, но Роналдо многу побрзо стигнува до двоцифрен број на голови во споредба со Аргентинецот.

Португалецот има подобар старт и од две бразилски легенди – Роналдо (25 голови во својата прва сезона 1997/98 со Интер, но за подолг период стигнува до двоцифрен број) и Зико (19 погодоци во својата прва сезона 1982/83 за Удинезе, но исто така со послаб почеток од Кристијано).

Само Украинецот Андриј Шевченко постигнал двоцифрен број на голови како Кристијано Роналдо во првите 14 натпревари за Милан во сезоната 1999/00.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 18:49