Фудбалерката на Лион и репрезентацијата на Норвешка, Ада Хегерберг стана првиот сопственик на „Златната топка“ намената за жени.

Весникот „Франс Фудбал“ одлучи од оваа година покрај мажите и жените да учествуваат во изборот за најдобри во годината што изминува.

Освен женската „Златна топка“ организаторот оваа година го воведе и Копа Трофи – награда намената за најдобар млад фудбалер на годината (за играчи до 21 година). Прв сопственик на овој трофеј е напаѓачот на ПСЖ и францускиот национален тим Килијан Мбапе.

„Златната топка“ во машка конкуренција ја освои Лука Модриќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 10:18