Натпреварот од 17. круг од Француското фудбалско првенство помеѓу Париз Сен Жермен и Монпелје, закажан за 8 декември, е одложен. Од Лига 1 објавија дека одлуката била донесена на барање на полицијата во Париз.

Во Франција, во последните три недели се протестира против зголемувањето на цените на горивото, поради што беа мобилизирани дополнителни полициски сили.

Движењето Жолтите елеци најави нови масовни протести в сабота, па полицијата побара одложување на натпреварот, бидејќи нема да можат да ги покријат безбедносните мерки околу него.

Не е закажан нов датум за одигрување на мечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 23:39