Премиерлигашот Челзи ќе му понуди нов договор на Еден Азар вреден 17,5 милиони евра годишно и ќе го направи најплатен фудбалер во тимот, пишува „Дејли експрес“.

Челзи сака да го обезбеди во своите редови одличниот белгиски репрезентативец кој е цел на Реал Мадрид кој во него гледа замена за Роналдо.

Затоа, алармот е вклучен во Лондон управата на „сините“ ќе се обиде да договори продолжување на соработката.

Воедно се сака да се избегне ситуацијата со голамнот Тибо Куртоа кој оваа отиде во Мадрид, бидејќи му беше последна од договорот.

Ако се согласи на новите услови, Азар ќе стане најплатен и ќе го надмине Канте кој неодамна склучи договор на 16 милиони евра годишна плата.

Азар е член на Челзи од 2012 и има освоено две титули во Премиер лигата и Лигата на Европа, но често нагласува дека негов сон е да игра во Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 10:58