Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги демантираше уште еднаш оваа сезона гласините дека голем дел од фудбалерите не го поддржуваат и токму затоа тимот не се претставува на потребното ниво.
Португалецот посочи дека само „нечесни“ играчи можат да играат под нивното ниво, едноставно затоа што не го сакаат својот менаџер.
– Како ги нарекуваме играчите кои играат само кога го сакаат тренерот? Подмолни, нечесни. Фудбалерите добиваат многу пари за да бидат професионалци. Нивна обврска е да тренираат максимално секој ден, да играат на секој натпревар на границата на силите, да ги почитуваат навивачите и да ја почитуваат хиерархијата во клубот, изјави Мурињо пред домашниот натпревар со Арсенал вечерва од 15. коло на Премиер лигата.