Дани Велбек веројатно го одигра последниот натпревар за Арсенал, бидејќи клубот не планира да му понуди продолжување на договорот.

Во моментов напаѓачот се опоравува од две операции на глуждот, кој го скрши пред околу еден месец, но неговото враќање пред крајот на сезоната малку веројатно дека ќе се случи.

„Скај Спортс“ истакнува дека од клубот не планираат да му понудат нов договор на Велбек, кој по примерот на Арон Ремзи ќе си замине како слободен агент.

Превлечен од Манчестер Јунајтед во 2014-та, целиот период на 28-годишниот играч во дресот на „топџиите“ беше исполнет со повреди, од кои две многу сериозни, а како резултат забележа едвај 126 учества.

Истовремено, капитенот на тимот од Лондон, Лоран Кошчелни е подготвен да се врати во игра, иако во дуел за младинскиот тим, во кој играше синоќа, го напушти теренот со кривење.

Првичните стравувања беа дека може повторно да ја повредил ахиловата тетива, но направените тестови покажаа дека станува збор за грч, па тој ќе биде на линија за судирот со Хадерсфилд в сабота.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 18:19