Голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеа застана во одбрана на менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, кој трпи се поголеми критики поради слабите резултати на „црвените ѓаволи“. Според Шпанецот, вината за незадоволителните перформанси лежи во самите играчи.

– Досега сезоната е лоша за нас. Тој е тренерот, но ние треба да сме обединети. Сите заедно. Играчи, тренер, менаџер – сите да се обидеме да одиме во една насока. Има многу критики кон тренерот, но на теренот излегуваат играчите. Тие се оние кои бележат голови. Сите треба да размислиме што можеме да подобриме. Пласманот ни е многу лош. Ние сме Манчестер Јунајтед и треба да се бориме за титулата. Заостанувањето, сепак, е големо. Целта е да завршиме во првите 4, изјави Де Хеа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 23:40