Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс упати критики кон еден од актуелните играчи на „црвените ѓаволи“, Андер Ерера, обвинувајќи го за недостиг на фудбалски квалитети.

– Време е да се запрашаме за нивото на фудбалерите во тимот. Што да кажам за играч кој не може да направи прецизно додавање на 20 метри? За него нема место во тимот, треба да си оди, прокоментира поранешниот англиски репрезентативец.

Сколс е познат по својот остар јазик и никогаш нема проблем јасно да го изразува своето мислење без да се интересира дали ќе навреди некого.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2018 19:16