Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар ја остави подотворена вратата за евентуален премин во клуб од Премиер лигата.

На својот канал на Јутјуб, најскапиот играч на Планетата одговори на покана на дефанзивецот на Манчестер Сити – Бенжамен Менди, да премине во шампионатот на Англија.

– Ова е големо првенство, каде играат едни од најдобрите. Никој не знае што ќе се случи утре. Мислам дека сите големи играчи барем еднаш во животот треба да играат во Премиер лигата, изјави Нејмар.

Во последниве месеци, името на Нејмар се поврзува со враќање во Барселона. Тој играше за Каталонците меѓу 2013 и 2017 година, но пред година и половина премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2018 20:06