Халфот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера е многу блиску до продолжување на договорот со клубот, кој истекува следното лето, соопшти „Тајмс“.
Според информациите на весникот, Шпанецот ја одбил првичната понуда на Јунајтед, која била малку подобра од актуелниот негов договор за 75 илјади фунти неделно. Тој, сепак, немал желба да го напушти „Олд Трафорд“ и затоа разговорите потоа се развиле во добра насока.
Дваесет и девет годишниот играч пристигна во тимот во 2014 година од Атлетик Билбао и има постигнато 18 голови и 25 асистенции во 171 натпревар во црвениот дрес.
Во меѓувреме, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо денеска го посочи како играч со одлични квалитети, додека пред неколку дена клупската легенда Пол Сколс го критикуваше остро, велејќи дека Ерера ги нема потребните квалитети да ги брани боите на тимот.