Во англиската Премиер лига викендов на распоред се натпреварите од 16.коло, а барем до вечер на првата позиција изби Ливерпул по триумфот на гостувањето кај Борнмут со 4:0.
Досегашниот лидер Манчестер Сити ќе има шанса да се врати на челната позиција, но за тоа ќе му треба успех во дербито на колот против Челзи во Лондон.
Најзаслужен за победата на тимот од „Енфилд“ беше Мохамед Салах кој постигна „хет-трик“ (25, 48 и 77.минута). Четвртиот гол за Ливерпул беше дело на Кук.
За Ливерпул ова беше 13-та победа, има и три нерешени средби. Тимот уште еднаш го подобри најдобриот старт во историјата на клубот.
Борнмут го претрпе седмиот пораз и е во средишниот дел на табелата.