Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, беше среќен откако победи со 2:0 против Манчестер Сити вчера.

Сепак, италијанскиот стратег призна и дека неговиот тим имал малку среќа и „граѓаните“ и понатаму остануваат најдобар тим во Европа, и покрај поразот.

– За мене, тие остануваат најдобар тим во Европа. Мора сепак да признаеме дека имавме среќа во првите 25 минути, бидејќи можеа да поведат. Имавме среќа во првото полувреме, а потоа одигравме многу силно второ. Мојот тим понекогаш тешко се мотивира. Во вакви натпревари, сепак, немам таков проблем и мотивацијата е секогаш на највисоко ниво. За жал, сепак, во текот на сезоната треба да играме и со помали тимови. Ние треба постојаност, бидејќи во спротивно ќе изгубиме поени во другите мечеви, рече Сари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2018 10:59