Полицијата во Лондон започна истрага за наводниот расистички напад врз играчот на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг, објави Би-Би-Си.
За време на вчерашното дерби со Челзи, офанзивниот фудбалерт на гостите очигледно претрпе навреди додека се приближуваше кон трибините во близина на голот на домаќините. Според публикациите, еден од поддржувачите на домаќините го навредил Стирлинг со погрдни, расистички зборови. На социјалните мрежи се појави и видео од инцидентот, кое е прегледано повеќе од милион пати.
Самиот репрезентативец на Англија не е премногу загрижен од инцидентот и случката ја прокоментира вака: „Ако сте забележале од мојата реакција за време на дуелот со Челзи, само се насмевнав, бидејќи не сум, и не очекувам нешто подобро“.
Сити го загуби мечот на „Стемфорд Бриџ“ со 0-2.