Фудбалската федерација на Македонија денеска во Охрид го одржа вонредното Генерално собрание на кое беа усвоени измените и дополнувањата на Статутот на ФФМ.

Првиот дел од измените се однесува на предлог одлуката на У.О. на ФФМ со која се предложени измени и дополнувања, односно отворање на статутот во делот кои се однесува на критериумите, постапката и начинот за кандидирање и избор на претседател на федерацијата.

Основната цел на овие измени и дополнувања е олеснување на споменатите процеси, како и за зајакнување на заштитата на интегритетот на процесот на управување.

Основната промена во критериумите за кандидирање направена е во член 91. Изменето е претходното решение со кое кандидатот за претседател се бира од редот на делегатите. Со предложената измена во овој член кандидатот за претседател може и не мора да биде од редот на делегатите на Собранието. Доколку кандидатот за претседател не е од редот на делегатите на Собранието, со чинот на избор по автоматизам се стекнува со делегатски статус, објави ФФМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2018 22:33