Манчестер Јунајтед е подготвен да плати на Наполи 100 милиони евра, за Калида Кулибали, пиушува „Тајмс“.

Сепак се чини дека ниту оваа троцифрена милионска понуда не ги задоволува барањата на калчолигашот кој бара 120 милиони.

Најверојатно двата клуба дополнително ќе се пазарат во летниот трансфер период, бидејќи според најавите Наполи во зимскиот рок нема да го продава 27-годишниот Сенегалец.

Во тековната сезона, Наполи одигра 20 натпревари во Серија А и Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 01:57