Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, во пресрет на натпреварот од шестото коло на групната фаза на Лигата на шампионите против Наполи, изјави дека е убеден оти натпреварот со италијанскиот тим ќе биде многу тежок.

Ливерпул е трет во Лигата на шампионите со шест поени. Наполи со девет поени е лидер. Англискиот клуб стигна до финалето минатата сезона и загуби од Реал Мадрид со 1:3.

– Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар со Наполи. Неопходно е да излеземе на теренот и да докажеме дека Ливерпул е способен за многу нешта. По натпреварот против Борнемут (4:0) не разговараме за титулата. Сезоната е долга и сè може да се промени, изјави 27-годишниот холандски фудбалер .

Тимот на Јирген Клоп го пречекува Наполи на „Енфилд“ утре од 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 19:44