Во „групата на смртта“ неможеа да очекуваат да бидат на првите две позиции, но кога се работи за атмосферата, дефинитивно беа најдобри
Црвена Ѕвезда ја заврши европската авантура за оваа сезона, откако заврши на последното место зад ПСЖ, Ливерпул и Наполи. Уште по извлекување на групите, јасно беше дека ова е најсилната група сезонава и дека српскиот првак нема да има шанси да биде на првите две позиции.
Иако завршија последни, „црвено-белите“ освоија четири бодови и на секој од ривалите му дадоа барем по еден гол. На сите три меча на кои беа домаќини, стадионот „Рајко Митиќ“ беше исполнет до последното место, а навивачите создадоа фантастична атмосфера.
Како што денеска изјави легендарниот Драган Џаиќ, да има две „Маракани“ и двете ќе беа полни со навивачи да ја бодрат Црвена Ѕвезда. Симпатизерите на некогашниот европски првак и вечерва одлично ги бодреа своите миленици, а пред мечот направија кореографија за восхит.