Барселона би можела во своите редови да го доведе дефанзивецот на Манчестер Сити, Венсан Компани без исплата на обештетување, објави „Сан“.

Каталонците веќе имале прелиминарни разговори со играчот. Неговиот договор со Манчестер Сити истекува на крајот од сезоната, по што тој ќе може да си замине без исплата на обештетување на клубот.

Белгиецот верува дека сè уште може да одигра неколку години на високо ниво, но сé уште не решил што ќе прави во иднина. Оваа сезона, 32-годишниот Компани одигра 11 меча за Сити, на кои имаше една асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 16:00