Капитените на Барселона – Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерар Пике и Серхи Роберто упатиле последно предупредување до Усман Дембеле за неговото однесување и непочитување на дисциплината, објави „Eспортс СЕР“.

Четворицата имале средба со Дембеле неколку часа пред натпреварот во Лигата на шампионите против Тотенхем.

Капитените на Барселона упатија критики до францускиот фудбалер за неговото доцнење од два часа на неделниот тренинг.

Меси, Бускетс, Пике и Роберто му кажале на Дембеле дека треба да сфати во кој клуб игра и дека за неговиот талент без дисциплина нема место во Барселона.

Генералниот менаџер на Барселона, Пеп Сегура најави дека заедно со спортскиот директор Ерик Абидал ќе разговараат со со францускиот фудбалер, кој се извини за нарушување на дисциплината во клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 19:10