МОЛ Види и Челзи одиграа нерешено 2:2 во натпревар од групата „Л“ на Лига Европа, одигран во Будимпешта.

Со овој резултат Унгарците отпаѓаат бидејќи БАТЕ Борисов победи со 3:1 на гостувањето кај ПАОК, со што си го обезбедија второто место во конечниот пласман.

Унгарците успеаја да направат пресврт со автоголот на Ампаду и Него против еден од фаворитите за титулата, откако губеа по голот на Вилиан во 30-тата минута.

Но и тоа не помогна на домаќините, бидејќи Оливие Жиру израмни во 75-тата минута по одличен удар.

Со тоа челзи ги загуби првите поени оваа сезона во ЛЕ, но остана на чело на табелата и се пласираше во елиминацискта фаза на второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент.

Резултати од натпреварите од 18,55 часот:

Група „Г“

Виљареал – Спартак Москва 2:0

Рапид Виена – Ренџерс 1:0

Група „Х“

Марсеј – Аполон Лимасол 1:3

Лацио – Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Група „И“

Бешикташ – Малме 0:1

Генк – Сарпсборг 4:0

Група „J“

Севиља – Краснодар 3:0

Ахисар Беледиспор – Стандард Лиеж 0:0

Група „К“

Рен – Астана 2:0

Динамо Киев – Јаблонец 0:1

Група „Л“

ПАОК – БАТЕ Борисов 1:3

МОЛ Види – Челзи 2:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2018 02:17