Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во групната фаза, познати се сите учесници во 1/16финалето од Лигата на Европа. Најголемото изненадување го направи Олимпијкос кој го совлада Милан со 3:1, резултат кој значи елиминација од евро-сцената за повеќекратниот континентален шампион.

Плејоф ќе играат 12 победници од групите, 12 второпласирани од групите, како и осум тимови кои завршија на третото место во групната фаза од Лигата на шампионите.

Жрепката на двојките за 1/16 финалето ќе биде извршена на 17 декември во Нион, а тимовите се поделени на носители и неносители.

Носители: Ајнтрахт, Арсенал, Баер, Бетис, Виљареал, Генк, Динамо Загреб, Динамо Киев, Салцбург, Зенит, Челзи, Бенфика, Интер и Наполи.

Неносители: БАТЕ, Краснодар, Лацио, Малме, Рапид, Рен, Славија Прага, Спортинг, Фенербахче, Цирих, Олимпијакос, Бриж, Викторија Плзењ, Галатасарај и Шахтјор.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2018 10:18